ВМРО-ДПМНЕ бара итни мерки поради аерозагадувањето

Од:

„Скопје се гуши. Македонија тоне во смог. Зоран Заев наместо за здравјето на граѓаните се грижи за профитот на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики.

Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички е и до 15 пати над дозволеното.

Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Тетово и Кавадарци тонат во загаден воздух, а граѓаните ги полнат болниците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со цел превентивна заштита на граѓаните. Потребна е итна имплементација на следните три мерки:1. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП додека загадувањето не се намали и состојбата со загадениот воздух нормализира; 2. Инспекциски надзор и затворање на погоните кои загадуваат; 3. Ослободување од работа на луѓе над 60 години, хронично болни и трудници.

Овие мерки Зоран Заев и Петре Шилегов веднаш да ги прифатат. Неспособноста нивна и игнорантскиот однос не донесе до тука. Потребно е итно делување.

Суштински мерки и проекти за справување со загадувањето ќе има по 12 април, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати со систематско решавање на проблемот со загадувањето“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ