Ѓорѓиевски вети кружни текови и доизградба на кејот во Куманово

Од:

Кружни текови на повеќе раскрсници во Куманово и ревитализација и доизградба на кејот и чистење на реката Кумановка, вети денеска кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски.

– Сообраќајот на Зелениот пазар е една од најболните точки во градот. Алтернативата за решавање на овој метеж е кружен тек на оваа раскрсница за кој има вистинска потреба, изјави Ѓорѓиевски, најавувајќи кружен тек како соодветно сообраќајно решение и за раскрсницата на „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски истакна дека најголем акцент во програмата е ставен на подобрувањето на инфраструктурата.

– Скопје, Прилеп, Битола, односно онаму каде што во локалната самоуправа практицираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, има кружни текови. За општина во која има голем број жители и густ сообраќај, неопходна е изградба на кружни текови бидејќи тоа е европски тренд на решавање на сообраќајот, рече Јанакиевски.

Нагласи дека досега согласно утврдените критериуми со ЗЕЛС биле распределени средства за сите општини како за подобрување на водоводната и канализационатаа мрежа, така и за локални патишта.

– Општина Куманово доби 3,5 милиони евра за изградба на водоводна и канализациона мрежа. За жал, помалку од 10 проценти од овие средства се искористени, не поради тоа што кочело Министертвото, туку поради бавното доставување на проекти или проекти кои воопшто не се квалитетни, оцени Јанакиевски.

Додаде дека и за локални патишта се доделени два милиони евра како грант од Владата пред 3,5 години и оти досега општината искористила само половина од средствата. – Ова покажува дека нема волја да се решат проблемите на граѓаните од Куманово и го покажува слабиот капацитет на општината, рече Јанакиевски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме