Протести во Холандија на земјоделците и градежните работници

Од:

Земјоделци и градежни работници протестираат со возење полека во колоните низ Холандија, незадоволни од владината политика за намалување на загадувањето на животната средина.

Сообраќајните служби ги предупредуваа патниците на големи застои, а полицијата ги казни земјоделците кои со трактори излегоа на автопат.

Полицијата го затвори главниот автопат недалеку од Амстердам кога земјоделците излегоа со тракторите на тој пат.

Демонстрантите велат дека сакаат да покажат дека се подготвени да ги заштитат професиите од кои живеат и се загрозени од мерките за намалување на загадувањето.

Многу градежни проекти беа прекинати на почетокот од оваа година, кога холандски суд донесе одлука дека владината политика за одобренија за градење е непочитување на европските регулативи за загадување.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина