Фотоизложба „Животот на другите“ во Софија

Од:

Фотоизложба „Животот на другите“ на Божидар Барлакоски ќе биде отворена денеска во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Република Северна Македонија во Софија.

Како што соопштија од КИЦ на РСМ во Софија, на неговата прва самостојна изложба во главниот град на Бугарија ќе бидат изложени околу 24 фотографски дела. За изложбата на фотографиите авторот има подготвено и каталог кој ќе го претстави на отворањето. Настанот е дел од Годишната програма на КИЦ на РСМ во Софија и е поддржан од македонското Министерство за култура.

– Изложбата е составена од „фотографии од луѓе и животот на луѓето. Животот на оние „другите“, кои можеби ќе ги најдете по социјални мрежи, но не ги гледате во секојдневие. Животот кој останува скриен под плаштот на секојдневната „нормалност“. Занаети кои изумираат со секој нареден удар на ковачот, стари пријателства кои траат повеќе и од љубовта, насмевка во осаменост развлечена од сеќавање на една младост, тагувањето и последниот поздрав со ближниот, цената на животот во окрвавените раце, се наведува во соопштението.

Божидар Барлакоски е роден 1984 година во Прилеп. Активно работи со фотографија седум години и е член на Фото-кино клубот „Прилеп“. Добитник е на повеќе од 25 меѓународни награди за фотографија, меѓу кои и бронзен медал за фотожурнализам од Toronto Camera Club, PSA сребрен медал за фотографија во Кипар, сребрен медал за фотографија во Украина, златен медал за колекција на фотографии на денови на македонската фотографија 2014 година, како и бројни признанија и дипломи. Фотографија од Барлакоски е објавена на веб-страницата на National Geographic како избор на денот. Учествувал како член на жири комисија на два меѓународни конкурси за фотографија. До сега има поставено две самостојни изложби, во Кичево и во Скопје.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски