Велешкиот театар гостува во Гевгелија со „Ноќите во бел сатен“

Од:

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес вечер ќе гостува во Гевгелија со претставата „Ноќите во бел сатен“ во режија на  Ненад Витанов, по текст на Братислав Димитров.

Соред Димитров, ликовите во пиесата говорат свој, а не негов текст.

– Се обидов да ги испитам границите на слободата на говорот, содржината и формата, а истовремено да не бидам насилен. Ваквата сизифовска амбиција во пракса обично е невозможна, но ние постојано треба да се обидуваме.  „Ноќите во бел сатен“ е пиеса за осаменоста и паничната потреба од љубов, вели Димитров.

Претставата ќе се одржи во Народниот театар во Гевгелија. Во актерската екипа се Васил Зафирчев, Маја Љутков, Јордан Витанов и Зоран Љутков.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“