Изборната трка за 12 хрватски пратеници во Европскиот парламент веќе почна, а за платата од 8.000 евра се борат вкупно 336 кандидати.
На 28 листи има социјалисти, фашисти, зелени, како и евроскептици, објави хрватскиот весник „Вечерњи лист“.
Овие 12 хрватски претставници во Европскиот парламент ќе бидат само една година, по што следуваат редовни избори.
Весникот наведува дека кампањата за европарламентот во Хрватска, која се очекува да стане членка на ЕУ, почнала со жестоки расправии на „национална основа“.