Обама пристигна во прва официјална посета на Израел

Од:

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во својата прва официјална посета на Израел.

На аеродромот во Тел Авив е одржана церемонија за пречек на Обама, кој подоцна треба да оствари официјални средби со израелските лидери.

Веднаш по слетувањето на претседателскиот авион, Обама имаше можност да размени неколку зборови со израелскиот колега Шимон Перес, како и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Перес изјави дека „еден свет без американското лидерство, без моралниот глас на САД, би бил помрачен свет. Еден свет без американското пријателство ќе доведе до агресија врз Израел“.

Нетанјаху му заблагодари на Обама што ги заштитува правата на Израел и на тој начин и овозможува на еврејската држава да опстане.

Американскиот претседател нагласи пред домаќините дека се гордее што неговата земја е сојузник на Израел.

Обама за време на блискоисточната турнеја е предвидено да ги посети и Западниот Брег и Јордан.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија