Кумановец осомничен за загрозување на сигурноста на неговата мајка и за напад врз полицаец

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице кое е осомничено за кривични дела – загрозување на сигурноста и напад на службено лице при вршење работи од безбедноста.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 декември осомничениот 37-годишен кумановец, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговата мајка со која од претходно имале нарушени односи. Притоа употребил сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот.

При настанот била повикана полиција и полициските службеници се обиделе да разговараат со оштетената. Тогаш осомничениот најпрво со вратата, а потоа и со раката удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда – посекотина.

Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван за кривични дела, а живее во иста куќа со оштетената, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи и до Основниот суд Куманово доставил Предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и на осомниченото лице му определи притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста