ФРОДЕМ: Настојува ли ЕУ преку Жбогар во Република Македонија правдата и понатаму да биде мислена именка?

Од:

„Евроамбасадорот Жбогар смета дека проверката на судската фела можела да причека, а ветингот е последна опција по која требало да се посегне. Според него. ЕУ сметала дека Македонија нема потреба од ветинг на правосудството во моментов!. ФРОДЕМ го потсетува евроамбасадорот дека пред нешто повеќе од две години ЕУ се спротивстави на генералниот резибор на судии во сите судски инстанци, а ситуацијата стана полоша. Да биде трагикомедијата поголеме истата таа ЕУ постојано вели дека бара владеење на правото во Република Македонија, судење во разумен рок, одговорност и гонење на сторителите на кривичните дела, правдата да биде достижна за сите, да нема селективна примена на законите. За жал овие заложби паѓаат пред розевите очила на евроамбасадорот Жбогар.

Жбогар не може или пак не сака да види дека токму поради овие судии застаруваат судските процеси и се ослободуваат од вина сторители на сериозни кривични дела. Заради судиите и обвинителите такви какви што се, обвинетите бегаат од пред лицето на правдата. Зарем, Жбогар за овие години додека е на служба во нашата држава не виде дека овде функционираат двојни закони. Едни за припадниците на претходниот режим и сегашниве на власт, а други закони и правда за сите останати смртници“, велат од ФРОДЕМ.

„Евроамбасадорот наеднаш не може да ја види неспособноста и несакањето на судиите да им пресудат на злосторниците политичари како на оние од минатото и на овие сегашните.
За ФРОДЕМ не е јасно која е поената на Жбогар и ЕУ со оваа изјава?. Настојува ли ЕУ преку Жбогар и понатаму правдата во Република Македонија и понатаму да биде мислена именка? Затоа ФРОДЕМ јавно го прашува евроамбасадорот и Европската комисија дали и понатаму треба да се толерира свесното пречекорување и злоупотреба на судските овластувања, шурувањето на судиите со политичките партии и бизнисмените кои ги влечат конците во судскиот систем и ги диктираат пресудите?.

Зошто г-дине Жбогар за Вас и за ЕУ наеднаш камелеонството на судиите и обвинителите, непотизмот во овие институции, полуписменоста, партизираноста и политизираноста на еден дел од судиите и обвинителите, извештаите за злоупотребите на Акмис системот наеднаш станаа невидливии или аномали кои сеуште можеме да ги ,,голтаме”?. И уште велите дека засега состојбата во судството и не била толку лоша. А тоа што судството е рак рана на системот и не било приорететно прашање за решавање и истото можело да причека до некој нареден период кога ќе се постигнел консензус.

Ако е и од евроамбасадорот Жогар, многу е и доста е?

Госодине Жбогар, госпоѓо Фон Дер Лајен и останати комесари на ЕК, ФРОДЕМ бара од Вас одговор на прашањето дали во Вашите држави може да се толерира вакво судство како нашето?. Сигурни сме дека одговорот е негативен. А доколку е така зошто се обидувате да не обесхрабрувате да превземеме мерки со кое барем малку ќе го доведеме судството да наликува на вашето судство?. Господине Жбогар и ЕУ не е фер да бидете заштитници и ментори на лошото судство и неодговорните судии и обвинители. Затоа Ве молиме раце понастрана од правосудството.

Оставете не со прочистување и освежување на овој важен столб на системот да ја почувствуваме правдата како што доликува на цивилизирани граѓани и современа држава“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска