А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поповски: Градскиот базен во Кочани ќе биде покриен

by А1он20/03/2013 - 12:49416
Share0

Директорот на агенцијата за спорт и млади на Република Македонија Лазар Поповски при престојот во Кочани го посети градскиот отворен базен  каде ја истакна заложбата на Владата, Агенцијата и општина Кочани за негово покривање.

Добивај вести на вибер

– Базенот во Кочани ќе добие ново руво. Ќе биде покриен и ќе се користи во текот на целата година. Ќе формираме ватерполо екипа, а ќе се заложиме и за развој на останатите спортски активности. Вкупната вредност за покривање на базенот ќе изнесува од 2  до 4 милиони евра кои ќе ги обезбедат Владата, Агенцијата и Општината  и по пат на приватно јавно партнерство, истакна Поповски.

Тој ја најави и инвестицијата на Владата за развој на зимскиот туристички центар Пониква на Осоговските Планини со вложувања на средства во изградбата на сноу борд патека, како и изградба на 100 повеќенаменски игралишта во државата за кои Владата обезбеди 600 милиони денари.

Првите десет игралишта, нагласи, ќе започнат да се градат во Источна Македонија, а во Кочани и Пробиштип работите ќе започнат  од утре.

izbori

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Горан Наумовски08/09/2025 - 09:41

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Горан Наумовски02/09/2025 - 20:39

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски28/08/2025 - 14:3128/08/2025 - 15:22

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Горан Наумовски23/08/2025 - 13:16

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски23/08/2025 - 12:5023/08/2025 - 13:45

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Горан Наумовски14/08/2025 - 16:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен