Главната грчка опозициска партија СИРИЗА има предност во најновото социолошко истражување на агенцијата „Марк“, извршено по нарачка на телевизијата „Алфа“.
Според анкетата СИРИЗА ја има поддршката на 23,4 отсто од граѓаните, а по неа следува владејачката Нова демократија со 22,6 проценти.
На трето место се наоѓа крајнодесничарската партија „Златна зора“, која освоила 9,7 отсто од гласовите. Во споредба со претходниот месец нејзината поддршка е намалена.
Четврта политичка сила, со 5,6 отсто, е социјалистичката ПАСОК, која е дел од коалициската Влада на премиерот Андонис Самарас.
На петтата позиција се наоѓа партијата Независни Грци со 5,4 проценти од гласовите на испитаниците, а последен е најмалиот коалициски партнер во грчката Влада – Демократска левица со 4,7 отсто поддршка.