Преговорите на министрите за финансии на Русија и Кипар ќе продолжат на друго место, откако не е постигнат договор за кредитот од Москва, изјави кипарскиот министер Михалис Сарис по средбата со неговиот руски колега Антон Силванов.
Според него, биле одржани „чесни разговори“ и дијалогот бил конструктивен, при што била нагласена многу тешката ситуација.
– Немаше предлози, ништо конкретно. Задоволни сме од добриот почеток, истакна Сарис.
Кипар бара од Русија продолжување на петгодишниот рок за исплаќање на кредитот од 2,5 милиони евра, кој Москва и го одобри на Никозија во 2011 година и кој треба да биде вратен до 2016 година.