Девојка ограби 79-годишен маж од Свети Николе

Од:

Деветнаесетгодишна девојка од светиниколското село Горубинци вчера ограбила 79 – годишен жител на Свети Николе. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение вели дека вчера во 16:15 часот полициски службеници од Свети Николе ја лишиле од слобода 19 – годишната А.П. поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „кражба“.

-Таа, на 15 декември во 01.00 часот отишла во куќа сопственост на 79-годишен маж на улица „4-ти Јули“ во Свети Николе и под изговор дека и било ладно, побарала да влезе и да се стопли. Оштетениот ја пуштил внатре и во една прилика кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Парите му се вратени на сопственикот, а по целосно комплетирање на случајот против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица