Уште еден од соработниците на поранешниот градоначалник Јакимовски призна вина

Од:

Оценката на обвинителниот акт во кој се обвинети 11 лица меѓу кои и поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски за незаконската легализација на објекти е одложена откако денеска уште еден од обвинетите признал вина. Според тоа, за петмина од 11 обвинети ќе биде спроведена постапка за спогодување, додека за останатите обвинетите е закажано ново рочиште за оценка на обвинителниот акт на 26-ти овој месец.

Од ЈОРМ информираат дека, по поднесувањето на обвинителниот акт до Основниот кривичен суд – Скопје на 30 октомври годинава, од страна на четири обвинети лица се поднесени изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на обвинителниот акт уште едно лице дало изјава за признавање на вина.

– Откако обвинетите ќе се спогодат со јавниот обвинител, Предлог – спогодбите ќе бидат доставени до судија на претходна постапка кој во рок од три дена од доставувањето треба да закаже рочишта по поднесените Предлог – спогодби. За лицата со кои јавниот обвинител нема да постигне спогодба и за обвинетите што не дадоа изјави за признавање на вина закажано е ново рочиште за оценка на обвинителниот акт за 26.12.2019 година, се вели во соопштението на ЈОРМ.

Според обвинителниот акт обвинети се 11 лица – градоначалник, осум административни службеници од Општина Карпош и две одговорни лица во правно лице – изведувач и надзор. Според дејствијата опишани во актот првообвинетиот сторил повеќе кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и едно кривично дело Бесправно градење, едно лице сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, на седуммина им се става на товар кривично дело Несовесно работење во служба и две лица, со опишаните дејствија во обвинението, сториле кривично дело Бесправно градење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Стевче Јакимовски да им објасни на граѓаните како е возможно, за една календарска година, со неговото семејство да станат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош е прва општина со фотоволтаици во сите училишта

А1он

Јакимовски: Министерот за спорт не се откажува од својата каубојска намера да ја одзема салата „Наум Наумовски Борче“

А1он

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител