ВМРО-ДПМНЕ: Зимата уште не е почната, а Скопје руши рекорди во аерозагадувањето

Од:

Зимата уште не е почната, а Скопје руши рекорди во аерозагадувањето, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на градоначалникот Шилегов.

„Шилегов е две ипол години градоначалник, а нема ниту еден проект за намалување на загадувањето, напротив тоа расте.

Со Шилегов на чело, Скопје стана најзагаден град во светот. Две ипол години поминаа од мандатот на Шилегов, а скопјани не видоа ниту еден негов проект од областа на животната средина.

Единствена работа која ја направија е вадење на јавната администрација во сабота, да чисти и да врши работа која треба да ја вршат комуналните претпријатија секојдневно.

СДСМ дојде на власт со ветувањето дека ќе го реши проблемот со загадувањето на воздухот, цел мандат им помина, а ништо не направија.

Предоцна е веќе за делување. СДСМ си заминува, а вистинските мерки и проекти следуваат по 12 април, со ВМРО-ДПМНЕ.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината