(ВИДЕО) Костадинов: За ВМРО-ДПМНЕ е лудило да се покачи минималната плата, да се намалат казните, да се донесе Закон за стечајци

Од:

„Денеска на пленарна седница влегува Предлог-Буџетот за 2020 година. Предлог буџетот е развоен и темелен на реални економски параметри. Со него силно вложуваме во човечкиот капитал.

Со Буџетот за следната година се обезбедува значителен раст на платите во образованието, во здравството, како и раст од околу 900 денари кај сите 322.000 пензионери“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Повикуваме на конструктивна дебата во Собранието и очекуваме сите пратеници до сите политички партии да го поддржат новиот буџет кој е во интерес и на економијата и на граѓаните.

Истовремено сакам да им порачам на колегите од ВМРО-ДПМНЕ да престаната со детруктивното однесување и конечно да почнат да работат во интерес на сите граѓани.

Ги блокираат реформите во правосудството преку илјадници амандмани само за да ги заштитат криминалците во своите редови.

Најавуваат дека нема да гласаат за Законот за одбрана со што му наштетуваат на процесот на нашето зачленување во НАТО.

За ВМРО-ДПМНЕ замислете е лудило да се носат закони во интерес на граѓаните, да растат платите.

За нив е лудило да се покачи минимланата плата, да се донесе законот за стечајци, да се намалат казните.

Треба да имаат предвид во ВМРО-ДПМНЕ дека ова нивно лудило, на штета на граѓаните и нивните интереси, граѓаните ќе го ценат на 12 април“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме