Специјализирани нуркачки екипи на МВР, утрово непосредно по почетокот на потрагата, на дното од езерото го пронајдоа безживотнот тело на 15-годишниот Ч.С., кој вчера се удави во Мавровското Езеро.
Засега не се познати причините кои довеле до трагичниот исход. Според СВР Тетово, исчезнувањето било пријавено вчера попладне околу 14:30 часот. Момчето се приближило до брегот во непосредна близина на манастирската црква „Св. Никола“ во селото Маврово со намера да заплива кон платформа, која се наоѓала во Eзерото.