Потпретседателката на владата за европска интеграција, Сузана Грубјешиќ изјави дека постои можност Србија да добие датум за почеток на преговори за пристапување кон Европската унија, но дека се не зависи од Србија бидејќи за договор се потребни две страни.
Грубјешиќ истакна дека секој нареден чекор во дијалогот допринесува за нормализирање на односите со Приштина и дека сите очекуваат да се заврши со договор на двете страни, кој ќе може да се спроведе на терен.
Таа негираше дека со тој договор Србија го признава Косово.
-Нема признавање на Косово, но мора да има нормализирање на односите и гаранција за нашиот народ кој живее на северот на Косово. Потребно е да се дојде до договор и тој да се спроведе во дело– стакна таа.
Елена Георгиевска