Претседателите на двата дома на италијанскиот Парламент, Пјеро Грасо и Лаура Болдрини изјавија дека ќе ги намалат своите плати за 30 проценти.
Грасо и Болдрини се откажаа и од резиденциите, кои им следуваат на користење според законот, отстапувајќи ги за потребите на Парламентот.
На вчерашната прес-конференција во Рим двајцата парламентарни лидери истакнаа дека овие мерки се дел од планот за намалување на трошоците на политичарите за 50 проценти.
Со овој план не се опфатени сите парламентарци и службеници на Пратеничкиот дом и на Сенатот.