(ВИДЕО) Заев: Веднаш да се провери имотот на судиите, а Судски совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Од:

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор пред присутните членови, актиисти и симпатизери, рече дека го радува глетката од преполната сала „Борис Трајковски“. „Денес во Скопје, сите патишта воделе во оваа сала, а само еден пат води од салата кон нашата цел, за која не постојат алтернативи. Ете затоа велиме на прав пат“, рече Заев, обраќајќи им се на присутните со „другарки и другари“.

„Северна Македонија е на јасен чист пат заедно со најсилните сојузи во светот. Од оваа најголема и најблагодарна цел, нема отстапување. На следните избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредокот и уназадувањето. Направивме многу, а имане уште многу да кажеме и да направиме“, рече Заев.

 

Тој им кажа дека очекува секој член на СДСМ, да почитува и промовира меѓу другарките и другарите во партијата, три принципи за сигурна победа на партијата, а меѓу другото, постојано да зборуваат за успесите и за економијата на прво место.

„Може ли 2,5 да биде повеќе и подобро од 11? Може. За 2,5 години направивме повеќе за домашната економија од пустошот кој го направија во изминатите 11 години. Граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобивките“, говореше Заев пред присутните кои постојано му аплаудираа.

Заев во химничен тон од говорницата рече дека се зголемени платите, пензиите, социјалната помош, која, како што кажа е зголемена за 300%.

„Невработеноста во третиот квартал во 2019 се рекордни 17,1%.Никогаш повеќе вработени луѓе немало во државата. Отвораме повеќе нови фабрики. За 2 години, Владата потпиша 34 нови договори за странски инвестиции“, кажа лидерот на партијата и потенцира дека економските политики на власта се одлични.

„По два бардаци вода да им дадеш да чуваат ќе ги украдаат и ќе избегаат во Будимпешта“, кажа лидерот на партијата пред присутните. Еееј, слободата ја вративме, демократијата ја вративме“, рече лидерот на партијата. Заев рече дека второто правило е дека треба сопартијците постојано да повторуваат и да потсетуваат што направило ВМРО-ДПМНЕ.

„Не смееме да дозволиме да се заборави режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска никој не сака да се повтори режим. Постојано да потсетуваме на злоделата на ВМРО-ДПМНЕ. Режим, никогаш повеќе“, рече Заев.

Лидерот на партијата пред присутните кажа дека меѓу стотиците споменици не се нашол ниту еден споменик на експретседателот Борис Трајковски, кој го носи името на салата каде што се одржуваше настанот. Заев рече дека има споменик за Ќосето, но власта не направила за Трајковски.

„Нема компромис со криминалот. На тие што прават криминал се знае каде им е местото. Пукавме „бомби“. Ги ставивме животите за правната држава. Нема судија обвинител и судија кој ќе го запре овој процес. Нема шанси. Еден дел од судството и обвинителството останаа последната тврдина на заробената држава. Овие сваровски судски центри на моќ останаа последни упоришта на режимот“, рече Заев пред присутните.

Заев: Веднаш проверка на имотот на судиите и обвинителите

„Уште еднаш ја повикувам ДКСК да започне проверка на имотот на судиите и обвинителите, УЈП, централен регистар, Катастар… Може уште овој месец да ги отпочнат процесите за проверка на имот“, рече Заев. Тој го повикува и Судскиот Совет да направи проверки за застарувањето на предметите и да ја провери професионалноста на судиите.

„Да ни кажат кој тоа влијае врз судиите. Да ни каже зошто десетици предмети се чувале и останале во фиока на бившиот претседател на Врховниот суд“., рече Заев. Тој ја повика и Европската комисија да го стартува инструментот за проверка и мониторинг во правосудството за земјава.

„Прочистување во судството започнува сега веднаш, одма. Правда може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата. Последниот бастион на заробената држава ќе падне. Мора да бидеме подготвени и да се залагаме во тоа во што верувме“, говореше Заев.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ владеењето на правото го собрало во едно тефтерче и ако се вратат на власт ќе биде уште полошо.

Владејачката партија веќе најави нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.

Месецов завршува и кампањата „Од врата до врата“. Од партијата се пофалија дека 6000 партиски активисти посетиле приближно 70 илјади семејства.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство