Голем УФЦ спектакл е одржан ноќта помеѓу сабота и недела во Лас Вегас, а во главната борба на вечерта Камару Усман ја одбрани титулата во велтер категорија во фантастичната борба против Колби Ковингтон.
Усман ја однесе победата со технички нокаут во последната петта рунда од борбата за титулата во велтер категорија на манифестацијата УФЦ 245.
Усмани и Ковингтон стартуваа во неверојатен ритам, а борбата повеќе се водеше на нозе со многу елементи од кик-бокс, што беше и очекувано, а колку беше жестоко сведочи и детаљ од една од паузите меѓу рундите.
"I think I broke my jaw."@ColbyCovMMA is compromised entering the championship rounds #UFC245 pic.twitter.com/nZTwXThtPY
— ESPN MMA (@espnmma) December 15, 2019
Имено, Ковингтон по четвртата рунда, рече дека ја искршил вилицата додека му ги чистеа исекотините по лицето од жестоките удари на Усман.
Во петтата рунда Усман дојде до победа во самата завршница по техничкиот нокаут.