Франгов: Два од десетте приоритетни проекти на општина Гевгелија во Миравци

Од:

Кандидадтот за втор градоначалнички мандат во општина Гевгелија од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Иван Франгов вечерва на митинг во Миравци ја промовираше својата програма за локалните избори.

Само во Миравци, рече Франгов, реализиравме над дваесетина проекти за подобрување на комуналната и патна инфраструктура, како и условите за работа во ОУ „Климент Охридски“ при што беа инвестирани повеќе од 200.000 евра. – Работевме самопрегорно, посветено и чесно,а резултатите од тоа се повеќе од очигледни, истакна Франгов.

Тој напомна дека општина Гевгелија во наредниот период ќе биде силно фокусирана на локалниот економски развој и вети дека два од десетте приоритетни проекти од изборната програма ќе се реализираат токму во Миравци.

Со привлекување нови инвеститори, рече Франгов, ќе го реактивираме просторот на поранешен „Елегант“ во Миравци, а со подршка од Владата ќе изградиме спортска сала во ОУ „Климент Охридски“.

Предвидено е отворање бесплатни интернет клубови, изградба на неколку улици и реализација на неколку комунални проекти во Миравци, како и изградба на урнатиот мост кај црквата во Давидово, им вети Иван Франгов на жителите на Миравци од кои вечерва ја побара довербата за уште еден мандат.

На митингот во Миравци се обратија и носителот на советничката листа Томе Ќичуков и актуелниот пратеник Драган Цуклев.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно