Кривична пријава против едно лице за фалсификување исправа

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Р. поради постоње на основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.

-Пријавената А. Р. во текот на 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, иако била свесна дека истата не е сопственик на недвижен имот – градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 344 м2 и градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 982 м2, а кој имот е во сопственост на Република Северна Македонија, во Агенција за катастар на недвижности во два наврати употребила две фалсификувани јавни исправи како правен основ врз основа на што побарала запишување на правото на сопственост, кој имот потоа бил запишан на име на пријавената А.Р., соопшти Управата за финансиска полиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица