(ВИДЕО) Јанушев: Владата во заминување, далеку од очите на јавноста, склучи штетен договор кој ќе ги чини граѓаните 72 милиони евра

Од:

„Владата на СДСМ во заминување, крајно нетранспарентно, далеку од очите на јавноста, склучи штетен договор кој ќе ги чини граѓаните 72 милиони евра.

Зоран Заев и Драги Рашковски се согласија 72 милиони евра пари на граѓаните да се прелеат на сметка на приватна фирма без да се знае кои се услуги кои ќе ги добијат и на кој начин ќе бидат наплаќани средствата од договорот.

Како што скандалозно и нетранспарентно ја отпочнаа аферата за формирање хеликоптерски итен медицински систем, така скандалозно и во најголема аферата продолжува со потпишување на договор.

Никој ниту соопшти што содржи договорот, ниту се обиде да одговори на дилемите и сомнежите поврзани со авантурата на Заев и Рашковски“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено што јавноста виде, е скандалозна физибилити студија која беше полна со апсурди и нелогичности, изработена од лице кое што не е воопшто упатено во проблематиката.

Власта не кажува кои услуги ги добиваат граѓаните на Република Македонија за 72 милиони евра колку што ќе одвои државата!?

Кои се обврските кои САРХЕМС ги има кон државата и корисниците на услугите?

Колку часови летање се покриени со парите кои ги дава државата, и колку изнесува цената за еден час прелет!?

Дали приватниот партнер одбран од Заев и Рашковски ќе наплаќа процент од патарините или од авионските карти и прелетите?

Дали на приватниот партнер одбран од Заев и Рашковски ќе му бидат отстапени капацитетите за сместување на хеликоптерите?

Зошто кога државата плаќа 72 милиони евра, треба на фирмата да и се стави на располагање пилоти од војската и полицијата, со што се ослабнува капацитетот на безбедносните структури!?

Постои сериозен сомнеж дека со договорот се нанесува огромна штета на државниот буџет односно на буџетите на јавните претпријатија од каде ќе биде наплаќано.

Бараме ЈО да отвори истрага за случајот бидејќи се сомневаме дека сето ова се прави и заради нечиј личен интерес.

По промената на власта по 12-ти април овој договор ќе биде преиспитан, сите лица кои биле инволвирани и за кои ќе се обезбедат докази дека сториле противзаконски дејствија ќе одговараат согласно закон“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот