Трајановски: Работевме дење и ноќе посветено и домаќински

Од:

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Драчево пред присутните се обрати и кандидатот и актуелен градоначалник на Градот Скопје Коце Трајановски.

Од прв ден кога станав градоначалник знаев дека ќе излеземе повторно да ја бараме довербата од вас. Затоа работевме дење и ноќе посветено и домаќински. Благодарение на посветеноста реализирани се повеќе од 500 проекти во сите 10 општини, со кој го сменивме ликот на градот и докажавме дека тој може да биде вистинска метропола, рече Трајановски.

Додаде дека довербата ја бараат повторно за, како што посочи, да продолжат со реализација на проектите, со она што започнале.

На митингот во Драчево се обратија и носителите на советничките листи за општина Кисела Вода и Град Скопје Трајче Донев и Владо Попоски.

Излегуваме да ја побараме вашата доверба за уште еден мандат бидејќи со чист образ минатите четири години се водевме од принципите на добро владеење, интересот на сите граѓани, решававме приоритетни прашања заедно општините и Владата, покажувајќи дека меѓу тие нивоа власти не може да има кинески ѕидови, рече Поповски и побара поддршка за кандидатите за градоначалници и за советничките листи.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме