(ВИДЕО) Китев: Со противењето на Законот за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека е против НАТО

Од:

„Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го гласаат Законот за одбрана е уште еден доказ за лицемерието, двојните стандарди и лажниот патриотизам на опозициската партија.

Христијан Мицкоски делува против еден од најважните законите поврзани со усогласувањето со НАТО стандардите.

На Христијан Мицкоски и пратениците на опозициската партија не им пречи во Европската народна партија, ВМРО-ДПМНЕ да биде партија од Република Северна Македонија, ама им пречи уставното име во Законот за одбрана кој е важен за усогласување со стандардите на НАТО.

Нема крај лицмерието на ВМРО-ДПМНЕ која наводно поднесува иницијативи за предвремено ратификување на Протколот за НАТО, а потоа вели дека нема да гласа за клучниот закон за НАТО“, рече Бетиане Китев, пратеник од СДСМ.

„Залудни се нивните лажни изговори за деструкциите што ги прават.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски секојдневно покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција.

Веќе извесно е дека стануваме 30 земја членка на НАТО и тој успех сите го честитаа и поздравија, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не го честитаа туку преку деструктивното онесување прават се за да го закочат тој процес.

Мицкоски е ист како Никола Груевски. Лажен патриотизам, лицемерие и деструкција, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа на 12 април граѓаните повторно ќе ги поразат нивните антизападни и антидржавни политики и ќе потврдат дека државата продолжува на вистинскиот, правиот пат кој води до полноправно членство во НАТО и забрзана интеграција во ЕУ“, изјави Бетиане Китев, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“