Пашињан: Признавањето на ерменскиот геноцид од САД е „победа за вистината“

Од:

Усвојувањето резолуција од американскиот Сенат, со која се признава ерменскиот геноцид, претставува „победа за правдата и за вистината“, напиша на Твитер ерменскиот премиер Никол Пашињан.

– Од името на ерменскиот народ ја изразувам нашата благодарност кон американскиот Конгрес, истакна Пашињан.

Претставничкиот дом во октомври усвои идентична резолуција.

Ерменскиот премиер нагласи дека изгласаната резолуција е „храбар чекор кон спречување на геноциди во иднина“.

Според шефот на Дирекцијата за комуникации во турското претседателство, Фахретин Алтун усвоената резолуција за признавањето на геноцидот врз Ерменците во Османската империја може да ги влоши идните меѓусебни односи меѓу Анкара и Вашингтон.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски