Црвенковски од Свети Николе: Ајде да и го одземеме легитимитетот на тиранијата на Груевски

Од:

Битката трае – отпорот продолжува. Отпорот продолжува така како што на почетокот се договоривме и се заколнавме- до крај, до конечна победа. Ние немаме два живота па едниот тие да ни го упропастат! Ние немаме две татковини па едната тие да ни ја уништат – им порача на митингот во Свети Николе на илјадниците собрани граѓани лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Тој пред светиниколчани истакна дека стопанството е на колена, народот осиромашен, а државата презадолжена и додаде дека најсилните оружја на оваа власт се лагата и стравот.

– На 24 март вие ќе гласате за локалната власт. Но бидете свесни дека во исто време, со истиот ваш глас и давате или одземате легитимитет на тиранијата на Груевски и фамилијата. Затоа и е растрчан вака Груевски деновиве. Не затоа што многу им се секира на граѓаните во какви општини ќе живеат туку затоа што се плаши, што стравува дека многу брзо ќе се соочи со тешка народна казна – рече Црвенковски.

Тој ги повика граѓаните да ја искористат можноста и во недела да победат два пати.

– Овде во Свети Николе одиме на сигурно, одиме на проверено, одиме на докажано. Нашиот кандидат за градоначалник Кире Алексов и нашата советничка листа предводена од Владимир Гилев се личности со име и презиме, со биографија, со постигнати резултати зад себе. Ви нудиме личности без дамки во животот, чесни, скромни, одговорни – им порача лидерот на СДСМ на граѓаните од Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно