Цивил: Изборите се нефер и недемократски

Од:

Неколку дена пред локални избори, Цивил – Центар за слобода, соопшти дека според досегашните сознанија за евидентирани нерегуларности за голем број прекршување на правилата и закони, овие избори не се ниту фер и демократски, ниту слободни и ненасилни.

Меѓу регистраните нергуларности се ветувања за женечки, администрација што собира гласови, вклучување на министри во изборни кампањи, полициски притисок и уценување на земјоелците со субвенции.

Партиските манипулации се најмногу насочени на загрозените, со што им ветуваат дека ќе напреднат на листата за вработување ако донесат поголем број гласачи.

Досега се околу илјада прекршувања на правилата за фер и демократски избори, а и на Изборниот закон и другите кои ги гарантираат регуларностите.
Информациите за нерегуларностите ги собраа соработниците низ државата во овој проект и мобилниот тим на Цивил, кој посети голем број општини.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада