(ВИДЕО) Стоилковски: Филипче е одговорен за уништување на инсулин со валиден рок

Од:

„Венко Филипче е одговорен за уништување на инсулин со валиден рок.

Венко Филипче не нуди одговори на клучните прашања и лиферува лаги со цел да го прикрие според нашите сомнежи очигледниот криминал со инсулинот.

Неговото главно тврдење дека производителот не гарантирал ладен ланец, е чиста лага, затоа што со купувањето на секој производ тој преставува грижа на купувачот, во овој случај министерството за здравство на Венко Филипче“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче не одговара на клучното прашање, а тоа е кога точно е произведен инсулинот, ако се знае дека рокот на траење е до 6-ти месец следната година. Не одговара затоа што овој инсулин е произведен во време кога Филипче е министер, а Заев премиер.

Воедно Филипче не одговара зошто ако воопшто некој набавил сомнителен инсулин против него нема правна постапка и одговорност или пак се е лага за да се предизвика нова инсулинска криза и да се намести нов тендер.

Потребна е кривична одговорност за Венко Филипче и за вклучените во уништувањето на инсулинот со валиден рок. Уништен е здрав инсулин и е направена штета на буџетот. Ја повикуваме државната комисија за спречување на корупцијата да утврди кривична одговорност за Филипче и останатите вклучени во уништувањето на инсулинот со валиден рок на траење.

Сомневањата се дека е предизвикано намерно и свесно уништување со цел да се набави нова количина од близок на власта добавувач.

Целата документација ја доставуваме до комисијата, а од Филипче очекуваме одговори на нашите прашања“, кажа Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски