Со измени на уредбата за увоз, субвенции за нови возила со ЕУРО5 или повисок стандард за сите

Од:

Министерството за економија преку измени на уредбата за увоз на возила во Законот за моторни возила ќе им овозможи субвенции на сите граѓани што ќе набават нови возила со ЕУРО5 или повисок еколошки стандард, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Ќе одиме со измени на уредбата што произлегува од Законот за моторни возила која предвидува за возилата што загадуваат повеќе или се под ЕУРО5 стандардот да се зголемат давачките при увоз, а за возилата кои се над овој стандард да се намалат. На тој начин со закон и со уредба ќе им овозможиме на сите заинтересирани да ја користат оваа мерка и да може да ги сменат старите возила, рече Бектеши во одговор на прашање по отворањето на Четвртото издание на Берзата за дојдовен туризам.

Тој појасни дека првично во Законот за возила беше предвидено да се имплементираат две мерки од кои првата за вградување уреди на плин, метан, а втората за замена на старите возила со нови со ЕУРО5 или повисок еколошки стандард. Двете мерки, како што кажа, беше предвидено да се субвенционираат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

-Првата е веќе во тек и при крај и може да кажам дека има голем интерес кај граѓаните. Директно субвенционирање за втората мерка ќе нема во 2020 година, имајќи предвид дека има ограничувачки фактори, посочи Бектеши.

Анализата на работата група, како што кажа, покажала дека не ќе може директно да се субвенционираат толку граѓаниколку што има заинтересирани поради што е предвидена измена на уредбата за увоз на возила во Законот за моторни возила.

-Имајќи предвид дека има ограничувачки фактори и не ќе можеме дирктно да субвенционираме толку граѓани колку што има заинтересирани, може да се ставиме во ризик за повеќе од граѓаните да не можат да ја користат таа мерка, бидејќи овој модел беше предвидено да се реализира до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот. Тие средства не може да бидат повеќе од три до четири милиони евра годишно со што директно ќе можеше да се субвенционираат до 1.000 граѓани за набавка на нови возила. Што би се случило ако аплицираат многу граѓани. Затоа ќе одиме со измени на уредбата што произлегла од Законот за моторни возила за да им овозможиме на сите заинтересирани да ја користат оваа мерка, потенцира Бектеши.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница