Доналд Трамп Јуниор застрела дива овца во Монголија

Од:

Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Јуниор, стана мета на напади на активистите за заштита на природата, откако застрела дива овца (Аргали) во лов во Монголија.

Животното кое се одликува со големите рогови, се смета за национално богатство во оваа азиска држава. Аргалите се загрозен и заштитен вид.

Доналд Јуниор дозволата за лов ја добил од претседателот на Монголија.

Борците за права на животните обвинуваат за „корупција, пари, врски и политика”, се вели во еден извештај за оваа тема.

Инаку, во јавноста е познато дека Доналд Трамп е против собирањето ловни трофеи, нарекувајќи ги „хорор”, и покрај тоа што двајцата синови му се страсни ловци.

Би можело да ве интересира

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин: Трамп е сериозен во врска со Гренланд

Трамп воведе тарифи, паднаа акциите на автомобилските компании: Се огласија Канада, Јапонија и ЕУ

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија и Путин можеби одолговлекуваат со мировниот договор

Путин му испрати на Трамп мистериозен подарок

Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае врз луѓето на Трамп