Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне организира трибина на тема „Книжевни манифестации“.
ДПМ соопшти дека трибината е замислена како редовно годишно тематско собрание на членството на асоцијацијата.
-Поканети се сите членови на ДПМ да дадат свој прилог кон скенирање на состојбите околу книжевните манифестации во нашата земја, а во име на унапредување на квалитетот на манифестациите и нивниот импакт врз пошироката културна јавност, соопшти ДПМ.