(ВИДЕО) Бакрачески: Kако иден градоначалник немам намера да отпуштам вработени

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ПМНЕ за Охрид, Никола Бакрачески негира дека ако дојде за градоначалник ќе започнел процес на масовни отпуштања на вработените во локалната администрација и во јавните претпријатија кои се под капа на општината.

„Имено кај вработените во локалната и во јавните претпријатија се пласира тенденциозна невистина дека со доаѓањето на Бакрачески Никола и ВМРО-ДПМНЕ во локалната самоуправа и во јавните претпријатија кои произлегуваат од нејзе ќе почнеле масовни отпуштања од работа на вработените. Сакам да упатам јасна и недвосмислена порака до вработените во локалната и јавните претпријатија кои произлегуваат од нејзе дека јас како иден градоначалник немам намера да отпуштам од работа вработени, туку напротив ќе дадам се од себе заедно со мојот тим истите да почнат да почнат да земаат редовна и полна плата“, рече Бакрачески.

„Освен тоа, никогаш повеќе тоа нема да биде администрција која се користи за пополнување на протести , митинзи и автобуси туку ќе биде администрација за респект. Јас знам дека месециве наназад, вработените во општинската администрацијата беа малтретирани, тероризирани, живееа под закани и уцени при што јасно укажувам дека тое недозволливо и дека никогаш повеќе нема да се повтори. Нити кон нив ,нити кон вработените во јавните претпријатија ,нити кон вработените во образованието“ додаде Бакрачески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно