Утрово околу 7 часот и 30 минути со бесење во својата штала се самоубил В.Н.(56) од тетовското село Слатино, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според кажувањата на неговите блиски, појасни Јосифовски, тој утрово влегол во шталата да го нахрани добитокот, а подоцна неговата сопруга го пронашла обесен со јаже за врзување на бали сено. Таа ги повикала соседите кои го симнале телото на починатиот, но било предоцна бидејќи не давал знаци на живот. Веднаш ја известиле полицијата чија екипа излегла на увид заедно со Истражен судија, јавен обвинител и доктор по судска медицина.
– Според првичните информации кај сега покојникот од страна на семејството не забележале било какви психички проблеми претходно ниту пак имало траги на насилство на телото. Ова е второ самоубиство во полошко годинава додека минатата година биле регистрирани 9 самоубиства и уште 26 обиди за самоубиство, рече Јосифовски.