(ВИДЕО) Калеска-Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ повторно против реформите во судството, со стотици амандмани го блокира Законот за Академија на судии

Од:

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидува да ги спречи реформите во правосудството и да ги блокира процесите кои ќе значат успешна борба со криминалот и правда за сите.

Преку блокади на законски решенија, со поднесување на стотици амандмани пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го спречат изгласувањето на клучни закони за кои имаме поддршка и од Европската унија“, рече Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка.

„За Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, кој на денешната собраниска седница е во второ читање, ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 950 амандмани.

Јасна е намерата на опозицијата да го блокира законот кој треба да обезбеди создавање на квалитетни судии и обвинители.

За овој Предлог закон владејачкото мнозинство, на комисиката седница, преку конструктивна дебата прифати повеќе амандмани поднесени од опозицијата, со што дојдовме до ова решение за кое треба да гласаме.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не е заинтересирана за квалитетни законски решенија, не е заинтересирана за реформи во судството.

Единствено за што ВМРО-ДПМНЕ е заинтерсирана е да го штити судството кое дели селективна правда и кое ги штити нивните партиски функционери.

Ние, како одговорно владејачко мнозинство, тоа нема да го дозволиме. Одговорност за секој сторен криминал и за секоја злоупотреба на парите на граѓаните, мора да има и ќе има.

И покрај сите блокади реформите во судството ќе се спроведат и Република Северна Македонија ќе добие правосуден систем кој ќе биде гарант за правна и еднаква држава“, изјави Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски