(ВИДЕО) Костадинов: Сите пратеници да го поддржат Законот за одбрана кој е важен за услогласување со НАТО стандардите

Од:

„Денеска во Собранието пред пратениците е Законот за одбрана. Важен, системски закон со кој се обезбедува прилагодување на НАТО стандардите.

Законот за одбрана е последниот чекор во целосното прилагодување на законодавството со НАТО стандардите.

Оттука, ги повикуваме сите пратеници, од сите политички партии, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат овој Закон“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ на дело да покаже дека навистина е за членство во НАТО.

Пред граѓаните презедовме обврска да ја обезбедиме иднината преку членство во НАТО.

Ова е значаен чекор кон таа цел и затоа неодговорно е сега некој да тера дневна партиска политика.

НАТО е стратешка цел повеќе од 25 години и затоа да не дозволиме нашата домашна работа да остане недовршена заради лични и партиски калкулации.

Уште еднаш апелираме до сите пратеници без разлика на тоа од која партија доаѓаат да гласаат за Законот за одбрана.

На прав пат сме Република Северна Македонија – 30 земја членка на НАТО“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски