Коцевски вети реконструкција и изградба на повеќе спортски објекти во Велес

Од:

Реконструкција на Градскиот фудбалски стадион, изградба на нова атлетска патека и изградба на нова трибина со подтрибински деловен простор ќе биде мој спортски приоритет, вети денеска Аце Коцевски, кандидатот за градоначалник на општина Велес од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ.

– Поради нерешените имотно правни односи и негрижата Градскиот фудбалски стадион со години наназад е целосно запоставен. По добивање на сопственоста на стадионот со негова реконструкција по пат на јавно приватно партнерство, на спортистите и рекреативците ќе им се овозможат одлични услови за спортување и за рекреација, рече Коцевски на денешната прес-конференција.

Во подтрибинскиот простор, додде, ќе се осмислат содржини со кои ќе се развиваат дејности и ќе се отворат нови работни места.

Во неговата прграма, како што посочи, предвидена е и реконструкција и доизградба на спортската сала „Гемиџии‘‘, уредување на Спортско рекреативниот центар „Бабуна‘‘, изградба на спортски комплекс Езеро „Младост‘‘, изградба на патека за диви води на реката Вардар, изградба на асфалтни игралишта за мал фудбал со трибини и рефлектори во селата Башино Село, Мамутчево, Иванковци и Караслари, како и реконструкција на игралиштето и детскиот забавен парк „Тунел‘‘ и доизградба на спортско рекреативниот центар „Железен Мост“.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука