Без струја утре делови од Чучер Сандево, Бутел и Аеродром

Од:

Поради планирани технички зафати во електросистемот на Скопје утре од девет до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Брест, Побожје, Малино Маало, Мирковци, Кучевиште, Бродец и Танушевци во општина Чучер Сандево и дел од корисниците од село Љубанци во општина Бутел, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Од девет до 11 часот струја ќе немаат корисниците од дел од булевар 3-та Македонска бригада, делот од МЕТРО кон Железници-Влеча во општина Аеродром, од девет до 15 часот тие од ул. „Славејко Арсов“ во општина Центар, а од 8:30 до 11:30 часот корисниците од дел од село Ракотинци во општина Сопиште.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја