(ВИДЕО) Алармантно: Скопје меѓу најзагадените градови во Европа

Од:

Иако не бевме мнозинство и не застанвме на патот на злоделата што му се случуваа на Скопје, жестоко се спротивставувавме кога беа тепани студентите, кога беа преименувани имињата на улиците, кога се сечеа дрва и се уништуваа паркови. Пример за тоа се дел од цветниот пазар, дел од паркот кај Бристол, паркот зад Собранието, паркот Жена борец, паркот што се наоѓа пред домот на АРМ, паркот кај Телекомот, спроти Соборниот храм и многу други зелени површини исчезнаа во Скопје, рече Софија Куновска, носител на листата на советници на Сојузот за иднина во Град Скопје.

-За да застанеме како поддршка на добри политики ја бараме поддршката од скопјани за советничката листа, зашто само како мнозинство ќе можеме да водиме добри политики-чист воздух, здрава животна средина, чиста вода за пиење. На скопје му е потребен одржлив развој, а не список на желби за политичка промоција, рече Куновска.

Таа посочи дека не успеале го убедат градоначалникот Коце Трајановски за да направи било што за да го помести Скопје од листата на најзагадени градови во Европа.

-Прегледот од минатата недела покажува дека Скопје е во десетте најазагадени градови ви Европа. Сепак треба да бидеме свесни дека тој воздух го дишат нашите деца, а тој е 20 пати позагаден од дозволените граници. Според процените на лекарите од Институтот за Јавно здравје во Скопје годишно умираат над 300 наши гражани, а се трошат над 240 милиони евра за заболувања кои се последици од загадувањето. Единствено што презема Коце Трајановски е што ја исклучи станицата на која што скопјани можеа да се информираат за загаденоста.

-Јас сум лута на Коце за ова, со колку човечки животи треба да се поиграме за да станеме свесни дека воздухот е поважен од гондолите, спомениците и рингишпилите. Трајановски најамалку што може да направи е да им се извини на граѓаните и да си замине од политичката сцена, изјави Софија Куновска.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“