(ВИДЕО) Тачи: Последните месеци кочница беа ДУИ со нападите кон различни функционери на СДСМ коишто се Албанци

Од:

Реалноста е ова – последните месеци кочница беа ДУИ со нападите кон различни функционери на СДСМ коишто се Албанци. Беше интересно, како ДУИ не успеа да креира една нова платформа, патриотска за овие избори, обвинувајќи ги високите функционери на СДСМ коишто се Албанци, рече Мендух Тачи, поранeшниот претседател на Демократската партија на Албанците.

Тие се виновни за се (ДУИ), назадувањето што го имаме во остварувањето на нашите права, целосно е неправно, јас тука не можам да молчам, зборувам коректно и праведно. Не е Мухамет Зекири виновник за ситуација, виновници се ДУИ, коишто се 17 години на власт, додаде Тачи.

„Второ: Зошто ДУИ сега ги попречуваа тие Албанци што се интегрирани во СДСМ? Треба да ги посетиме: ДУИ беше интегрирана партија која што отвори ограноци во Источна Македонија, со Македонци, со претседатели Македонски по Општинските ограноци итн. Сега ни најмалку не треба да се чуди со ова политика што СДСМ ја прави кај Албанците, и не треба да ги попречува. И ова е причината што јас велам дека е иста политика, и нема потреба Албанците коишто ја поддржуваат ова платформа и овој начин на интеграција, да имаат една партија како ДУИ или да гласаат за ДУИ. Искрено треба директно да гласаат за СДСМ. Каде се разликуваат, дајте ми еден пример од ДУИ и СДСМ, да има разлика?“, праша Тачи и објасни.

„Нема нешто погрдо да ги гледаш Груби и Ахмети како се гордеат и организираат конференции дека тие ја доближија Македонија до НАТО, тоа е најголемата лага којашто им се кажува на граѓаните. Најголема заслуга од нас што живееме во Македонија, и кој ја доближи Македонија до НАТО, е лидерот на СДСМ, премиерот Заев, коишто го направи историскиот договор со Грција, и процесот се деблокира“, заклучи Тачи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски