А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Конфискација на имот на сторителите на организиран криминал со тутун

by А1он19/03/2013 - 13:19205
Share0

Владата преку Агенцијата за управување со одземен имот ја започна финалната фаза на целосно спроведување на правдата во случајот шверц на цигари во случајот „Јака Табак“ Радовиш и во случајот Тутунски Комбинат Прилеп, при што е започната и се одвива постапка за конфискација и одземање на нелегално стекнатите имоти на осудените во овој случај.

Добивај вести на вибер

Како што нагласи на денешната прес – конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, ова се два случаи на расветлување на тутунскиот криминал каде правдата се спроведува на дело, што е доказ дека нема калкулации ниту никаков простор за колебање во борбата против криминалот.

Имено, по правосилноста на пресудата во случајот за криминал во тутунскиот бизнис сторен во Јака Табак Радовиш, со која е констатирано дека раководството, како и поранешениот директор на стоковите резерви Радован Поповски, и други 13 лица, во периодот од март 2001 година до март 2007 година, во повеќе наврати извршиле нелегални активности, притоа изигрувајќи ги законските процедури, покрај тоа што се осудени на затворски и условни казни, дополнително осудената група се обврза и задолжи солидарно да ја надомести штетата од незаконското работење во износ од 161 милион денари или околу 2,5 милиони евра штета која е предизвикана кон Република Македонија.

Во овој случај, веќе е отпочната постапка на лоцирање и проценка и комплетен попис на нелегално и противправно стекнатиот имот на обвинетите по што ќе уследи конфискација на имотот на осудените.

За прилепскиот Тутунски Комбинат поранешните директори Тони Мицајков, Димитар Богдан и управителот на Тутунскиот Комбинат Илија Нунески, како и шефот на обезбедувањето Круме Спиркоски, и уште други седум лица беа правосилно осудени со затворски и условни казни. Беше констатирано дека во периодот од 1 јануари 2005 година до 31 март 2006 година извршиле кривично дело даночно затајување, со што го оштетиле буџетот на државата во износ од 456 милиони денари или над 7 милиони евра.

– Владата, преку Државното правобранителство, успеа во судска постапка да докаже дека раководните лица на Тутунскиот Комбинат Прилеп преку организирање на единаесет члена се обиделе целосно да го одбегнат плаќањето на акциза и данок на додадена вредност, за што биле обврзани со Законот за акциза и Законот за додадена вредност, дале лажни податоци за други факти кои се од влијание за утврдување на ваквите обврски, лажно прикажувајќи дека дел од произведените цигари во количина од 516 илјади килограми се извезени во странство иако знаеле дека се истоварале на непознати места во Република Македонија, факти кои беа потврдени со правосилна судска пресуда, појасни Ѓорѓиев..

За ваквите незаконски дела екс директорите, управителите и обезбедувачите, и другите осудени лица во случајот Тутунски Комбинат Прилеп се обврзаа и задолжија солидарно да ја надоместат штетата од незаконското работење во износ од  456 милиони денари.

Врз основа на ваквата судска пресуда, досега од осудените одземен е имот во износ од 550 илјади евра, поголемиот дел готови пари кои се наоѓале во личните сефови на обвинетите. Дополнително се одземени акциите кои обвинетите ги поседувале во Тутунскиот Комбинат Прилеп и во други фирми.

– Конфискувани се и вкупно 2.400 пакети на шверцувани цигари, во вредност над 10 милиони денари, кои требале да бидат предмет на незаконска препродажба, рече портпаролот на Владата и додаде оти во постапка на конфискација е имотот кој се верува дека му припаѓа на екс директорот Богдан, и тоа куќа во центарот на Прилеп со површина од 200 метри квадратни, како и луксузна викендичка со дворно земјиште од 2500 метри квадратни во местото Беловодица. Во постапка на конфискација е и стан во Скопје кој го поседува семејството на Тони Мицајков, како и луксузна куќа во Ореовец во сопственост на Круме Спирковски еден од осудените во оваа афера.

– Секој обид за изигрување на законите и избегнување на правдата, преку правни лавиринти и препишувања на имот на сторителите на кривични дела на блиски нивни лица од семејството или опкружувањето и тоа по отворањето на постапките, нема да помине, истакна Ѓорѓиев.

Тој потенцира дека сите овие постапки се порака од државата до лицата кои имаат намера да се занимаваат со криминал дека она што го стекнале на незаконски начин ќе им биде одземено и нема да може да го задржат.

Средствата од одземениот имот и во двата случаи на тутунски криминал, како и во другите случаи одат во Буџетот и со нив, подвлече Ѓорѓиев, наместо да одат во приватни лични џебови, ќе се задоволуваат потребите на граѓаните и ќе се користат за образовни, здравствени, инфраструктурни потреби, за плати, пензии и останати потреби.

Најдобар доказ дека правдата ќе победи, потсети, е случајот со Иснифарис Џамаили каде што по седум години, по низа обиди преку правни лавиринти да се изиграат законите и имотот да биде скриен, државата успеа да докаже дека токму тој имот што е предмет на конфискација е имот на лицето што го има сторено кривичното дело и истиот имот е одземен.

Одговарајќи на новинарско прашање до каде е случајот со Бајруш Сејдиу односно „Пепел“, што претставува дел од тутунската мафија, Ѓорѓиев  информира дека веќе се направени првите реализации во процесот на конфискација, при што досега од Сејдиу се одземени 56 проценти од акциите во Тутунскиот комбинат во Куманово и се пренесени во имотот на Република Македонија. Одземени се парични средства во висина од неколку десетици илјади евра и други странски валути, а во постапка на конфискација е поголем дел недвижен имот и тоа ресторани, бензински пумпи. Се очекува, посочи тој, во идниот период реализација на одземање и на конкретен недвижен имот кој што е предмет на решение.

vlada

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски24/06/2025 - 14:5424/06/2025 - 15:09

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

Катерина Ѓуровски23/06/2025 - 10:36

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Предраг Петровиќ22/06/2025 - 10:02

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Предраг Петровиќ17/06/2025 - 18:35

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Горан Наумовски16/06/2025 - 13:38

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата

Горан Наумовски10/06/2025 - 09:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен