Промовиран проектот за изградба на подземна сообраќајница во Скопје

Од:

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и на општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, денеска го промовираа проектот за изградба на подземна сообраќајница во Скопје.

Проектот предвидува изградба на подземна сообраќајница која ќе се движи од крстосницата на булеварот „Илинден“ со булеварот „Гоце Делчев“, под кејот „13 Ноември“ до крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кочо Рацин“. Подземната сообраќајница ќе биде долга 1.300 метри, од кои 900 метри се под земја, а 400 метри над земја.

– Оваа сообраќајница е многу важна за Градот Скопје и ќе биде најскапиот проект што се реализирал во Скопје од земјотресот па наваму. Вредност ќе биде околу 45 милиони евра и со него ќе се решат сообраќајните проблеми во централното градско подрачје. Ако со проширување на булеварите го подобривме сообраќајот за 20 до 30 проценти, следната форма е изградба на сообраќајници на две нивоа, кои ќе бидат на двата влеза на подземната сообраќајница, една пред Владата и на вкрстувањето на булеварот „Крсте Мисирков“ со булеварите „Кочо Рацин“ и „Кузман Јосифовски Питу“ пред Комплексот на банки. Овој проект ќе придонесе за задржување на одвивањето на сообраќајот меѓу исток и запад, изјави Трајановски.

Проектот, појасни, ќе почне со кружна сообраќајница на две нивоа кај мостот „Гоце Делчев“, потоа оди под земја и излегува во близина на Транспортниот центар, каде што треба да се направи уште една кружна сообраќајница на две нивоа на вкрстувањето на булеварот „Крсте Мисирков“ со булеварите „Кочо Рацин“ и „Кузман Јосифовски Питу“.

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД