(ВИДЕО) Шахпаска: 27.000 семејства примаат за 300% повисока социјална помош преку социјалната реформа

Од:

„Во изминатите две и пол години спроведовме реформи кои направија преобразбра на системот на социјална заштита.

Придобивките од сеопфатната социјална реформа, денес директно ги чувствуваат над 120.000 наши сограѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик.

Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти“, рече Јагода Шахпаска – пратеничка на СДСМ.

„Денес, околу 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, во висина до 11.700 денари месечно, а претходно добивале социјална помош во висина од околу 3.000 денари.

Децата чии родители се корисници на правото на социјална помош се ослободени од плаќање на болничка партиципација. Не застануваме тука.

Во тек е спроведувањето на втората фаза од социјална реформа – развој на социјалните услуги на локално ниво, кои ќе се имплементираат преку општините, за што на располагање се 10 милиони евра.

Паралелно се реализираат мерки за вклучување на социјално ранливите категории на пазарот на труд, преку преквалификација и докавалификација за занимања, кои се дефицитарни на пазарот.

Во следниот период примателите на гарантиран минимален приход ќе добијат и социјален работник, кој ќе се ангажира за нив и ќе им помага да се вклучат на пазарот на труд.

Како одговорна партија продолжуваме да градиме ефикасен систем на социјална заштита кој трајно извлекува од сиромаштија.

На прав пат сме. Градиме фер и праведно општество на еднакви можности“, изјави Јагода Шахпаска – пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права