СДСМ: Што финансирале фирмите на Орце и дали долгот од 400.000 евра е поврзан со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?

Од:

„Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ има неподмирен долг од 400 илјади евра за претседателската кампања на Гордана Силјановска и затворена сметка од која долгот не може да се наплати.

Тоа е класично кршење на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата треба се покријат исклучиво од средствата на сметката за кампања.

Истрагата за оваа афера треба да даде одговор на сите прашања како и на тоа кој треба да понесе одговорност за овој скандал“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?

Што финансирале фирми на Орце Камчев, осомничен во неколку предмети на СЈО за кампањата на ВМРО ДПМНЕ и Силјановска?

Овие одговори треба да ги даде истрагата, која ќе објасни повеќе за врските меѓу одредени бизнис интереси и политичката партија која се уште е раководена од Будимпешта“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он