ВИДЕО: Со автомобил ја проби оградата во Бутел, повредени двајца млади

Од:

Автомобил со тетовски регистарски таблички се преврте на новиот дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел.

Автомобилот ја проби оградата од горната сервисна уличка и падна долу на булеварот на лентата во насока кон Центар. Сервисната уличка го спојуваше булеварот со улицата „Цетињска“, но не се користи откако е изграден булеварот. Возачот и сопатничката во свесна состојба се пренесени со итна медицинска помош во болница, а девојката била многу исплашена.

Младиот возач кажал само кратко дека не реагирале сопирачките на автомобилот и летнале на булеварот, што е околу три метри надолу.

Противпожарна екипа е на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки