Снегот што од синоќа паѓа во Чешка го отежна сообраќајот на патиштата и железниците во многу делови на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.
Поради непроодност, за товарни возила затворен е патот меѓу градот Танвалд и границата со Полска, на север од земјата.
Паднати гранки и скршени дрвја, ги ограничија железничките линии Опатовице над Лабем – Стеблов на североисток, како и Добриховиц до Прага- Радотин, Борохрадек- Туништр над Орлици во централниот регион и правецот Милотице над Опава- Брантице, во источна Чешка.