(ВИДЕО) Заев: Скандалот со незаконското финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра мора да се расчисти

Од:

Одговорност мора да има за секој што ги прекршил законите во нашата држава, порача од граѓанската трибина во Битола, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, без разлика за кого станува збор.

-Го слушам Мицкоски деновиве предлага тие што прекршиле закони да не се занимавале со политика. Ама каде е одговорноста тука не споменува? Најважна е. Секој што се огрешил пред законот мора да одговара, за да не му падне на памет да краде или да дејствува спротивно на интересот на граѓаните. Еве и Талески и Мијалов и Јанкуловска, Груевски, не се занимаваат со политика и што треба сега според Мицкоски да не одговараат? Не, има да си одговараат до крај, одговорност во оваа наша држава мора да има. После народот ќе каже дали некој да се занимава со политика. Тој што е нечесен граѓаните нема да го прифатат, рече Заев.

Toj повика на расчистување на сите случаи, но и на скандалот со незаконското финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Скандалот со тоа како 400.000 илјади евра незаконски се финансирала кампањата на ВМРО-ДПМНЕ мора да се расчисти, ги охрабрувам институциите да постапуваат, согласно законите. И тоа истите газди кои давале пари во Рекет. Тоа е спротивно на изборниот законик и за ова кривично дело мора да има одговорност за кој и да се однесува, мора да има одговорност, рече претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Битола.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме