Трамп и Мун согласни за одржување на односите со Северна Кореја

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин разговараа за дипломатските начини за одржување на односите со Северна Кореја, соопшти Сеул, додека Пјонгјанг предупредува дека губи трпеливост поради ќорсокакот околу нуклеарните разговори.

Двајцата лидери се согласија во получасовен разговор дека ситуацијата станала „сериозна“ и дека треба да се води дијалог за „да се постигнат најбрзи можни резултати од преговорите за денуклеаризација“, соопштија од официјален Сеул.

Трамп и Мун исто така се согласија да се консултираат на дневна основа за тоа прашање.

Тензиите во корејскиот полуостров растат пред едногодишниот рок поставен од Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија