А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за Рекет

by А1он07/12/2019 - 09:17334
Share0

„Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за Рекет. Шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори:

Следете a1on на Instagram Instagram

– Каде завршила ташната Луј Витон со 1.5 милиони евра!?

– Дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?

– Колку бизнисмени биле жртва на Рекет!?

Следете a1on на Youtube YouTube

– Колку вкупно пари биле изрекетирани!?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Исказот на сведокот и жртвата во текот на вчерашниот ден само потврдува дека некој од власт ја заташкува истрагата.

Јавноста е збунета, а власта нешто крие. Што барал министерот за здрваство Венко Филипче на една од средбите помеѓу рекетарот Боки 13 и жртвата!? Зарем Филипче мисли дека јавноста му верува на исказот дека со шоуменот Боки 13 разговарале за болници.

Катица Јанева не земала 50.000 евра, туку 350.000 евра. Со тоа и противправната имотна корист, а и тежината на делото се зголемува. Обвинението кон неа треба да се преформулира.

Ташната Луј Витон патувала на повеќе локации. И очигледно повеќе лица се стекнале со противправна имотна корист. Кои се тие!? И зошто до сега не биле опфатени со истрагата!?

Русковска бега од вистината. Затоа не сака да истражи каде заминала ташната и каде се патувала.

Русковска ја влече истрагата затоа што знае дека зад Рекет стои врвот на власт, без кој милионски рекет во толкав временски период воопшто не би бил возможен. Граѓаните очекуваат ефикасна и ефективна разрешница на Рекет.“, се наведува во соопштението на партијата.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео